Калуѓерката и спонзорушата (виц)

Калуѓерка стопира на патот. Ја качува една млада убавица со убав спортски автомобил, скап накит, брендирана облека. Калуѓерката започнува разговор:
– Мила девојко, толку си млада, како успеа да заработиш за сите тие богатства?
– Па лесно. Си имам неколку љубовници, првиот ми ја подари колата, вториот ме облекува и ми купува накит, а со третиот се шетам низ целиот свет.
Калуѓерката длабоко се замислува. Вечерта на вратата од нејзината соба некој тивко тропа три пати. Таа нервозно вреска:
– Отец Алберт, ај мавни ми се од пред врата со тие наполитанки!!!