Камена куќа која стана туристичка атракција на големо жалење на нејзините сопственици

Кастел Меур (Castel Meur) е името на необична камена куќа во крајбрежниот град Плоугрескант во Бретања. Поради својата положба меѓу две карпи, го носи и прекарот La Maison du Gouffre (Куќа меѓу две карпи).

Изградена е во 1861 година, а позиционирана е така за да ја штитат карпите од временските непогоди, кои се многу чести во северозападниот дел на Франција. За дополнително да го заштити од налетите на ветрот, првобитниот сопственик ја свртел својата куќа „спротивно“ од отворено море.

Тогаш не биле потребни никакви градежни дозволи, па целиот процес поминал без премногу проблеми.

Со децении, Кастел Меур им служел на сопствениците како куќа која тие ја посетуваа само повремено во текот на годината. Нејзинот необичен изглед се нашол и на бројни разгледници, а со текот на времето станала позната туристичка атракција во овој дел на Франција.

Кога внуката на првичниот сопственик трајно се преселила од САД во Кастел Меур во 2004 година, статусот на ѕвезда на куќата станал проблем.

Туристите кои сакале да ја видат во живо не разбрале дека е приватна сопственост и дека гостите не се добредојдени. Една група дури се качила на покривот за да се фотографира и случајно ја оштетила куќата. Тоа била капка која ја прелеа чашата.

Сопствениците изградиле ѕид околу имотот, а барале отштета и на суд и секако ја добиле. Куќата повеќе не смее да се користи за промотивни туристички цели и забранета е нејзина посета без претходно одобрение од сопственикот.