Камерата која мајката ја купила за 3-те ќерки делувала како опседната, но вусшност е нешто уште пострашно
Ешли ЛеМај ја купила безбедносната камера за време на распродажбата на „Black Friday“ и мислела дека ќе биде одличен начин да внимава на нејзините три мали ќерки додека работи ноќна смена како медицинска сестра.
Сепак, само четири дена откако била поставена камерата во спалната соба на девојчињата, ќерката на Ешли, 8-годишната Алиса, почнала да слуша чудни звуци.
Првин од камерата се пуштила детска песничка, а потоа машки глас почнал да вели: „Јас сум твојот најдобра пријател. Јас сум Дедо Мраз. Зарем не сакаш да бидеш мојот најдобар пријател?“ Всушност камерата била управувана од некој хакер, кој првин го фалел девојчето, а потоа ѝ давал идеи како да се однесува непослушно.
Гласот престанал откако таткото на Алиса влегол во собата и ја исклучил камерата. „Го гледав видеото и мислам моето срце едноставно… Не успеав да стигнам до крајот, каде таа вреска – мамо, мамо, пред да влезам внатре. Можеби ги гледал како спијат, како се пресоблекуваат можеле да видат секакви работи. Искрено, имам претчуство дека е некој кој е многу блиску или некој кој нѐ познава.“, вели Ешли.
Сега камерата е исклучена, а тие исто така преземале и мерки во врска со безбедноста на нивниот интернет.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.