Камиказе гулаби се најновото оружје против терористички напади

Таканаречените „гулаби самоубијци“ се обучуваат да спречат терористички напади.

Идејата во моментов ја истражува неименувана приватна американска компанија каде истражувачите ја разгледуваат идејата гулаби да урнат дронови кои можат да претставуваат закана.

Воздушните возила без пилот стануваат се` попопуларни кај војските ширум светот, а истражувачите сега се надеваат дека гулабите ќе можат да ги користат своите природни инстинкти и акутен вид за ги детектираат непријателските беспилотни летала.

Птиците ќе бидат обучени да летаат кон машина за да го неутрализираат или спречат нападот врз потенцијалната цел.

Ова не е првпат гулаби да се користат во борба,  крилестите воини биле користени и во Втората светска војна, каде американските научници ги обучувале птиците да носат бомба кон целта што предхоно им ја покажувале на слики.

Не е познато дали и кога ќе бидат тестирани гулабите камиказа.