Камионџија стана херој откако спаси девојка која имаше намера да скокне од мостот

Непозната девојка од Даблин, Ирска сакала да скокне од мостот над автопатот. Случајни минувачи ја забележале и сакале да ја предомислат, но безуспешно, девојката сѐ уште тврдела дека ќе скокне.

За среќа нејзините „црни мисли“ биле побиени од еден хуман камонџија кој ѝ го спаси животот.

Кога забележал дека девојката ќе се фрли и виси од оградата човекот веднаш застанал со својот камион под местото на мостот каде што таа сакала да скокне. Нејзиниот „план“ повеќе не би бил успешен, а луѓето кои што биле таму веднаш ја тргнале. Камионџијата не сакал да се знае неговиот идентитет.

Кит Дан се нашол на лице место и го фотографирал неверојатниот потег на камионџијата, прогласувајќи го за херој.