Камионџијата не можеше да ги запре солзите откако му се врати пријателот со кој патува

Возачот на камион Метју Б. од Тексас има многу симпатичен придружник во возењето по име Ешес (пепел). Човекот има силна и нераскинлива врска со 3-годишниот мачор со кој патува низ целата земја.

За жал, пред неколку месеци за време на едно вакво патување, Ешес случајно излегол од камионот на Метју додека поминувале низ Спрингфилд, Охајо. Мачката се исплашила од околината и залутала. Метју ја барал, но на крајот морал да се откаже за да се врати на пат.

Во текот на два месеци, возачот на камион се враќал на истото место каде што за последен пат бил виден Ешес. За жал немало ни трага ни глас од мачката. Кога Метју веројатно помислил дека никогаш повеќе нема да го види Ешес една жена го забележала.

Кимберли Т. го забележала Ешес како се обидува да го добие вниманието од луѓето, таа го земала мачорот и го однела во организацијата за спасување на животни, наречена Лолипоп Фарм. За среќа, Еш имал микрочип кој помогнал да се пронајде Метју. Вработените биле зачудени кога дознале дека Ешес е оддалечен 1.465 милји од дома.

На Метју му се стоплило срцето кога дознал дека неговиот сакан мачор е жив, здрав и на безбедно. За време на повторното обединување, тој се расплакал додека го гушкал Ешес и го нарекол „Божиќно чудо“.