Камион излетал од патот и несакајќи удрил во нелегалната „градина“ на сомнителниот сосед

Снимките од видео надзор го покажуваат моментот кога камион „открил“ нелегална операција за одгледување марихуана.

Инцидентот се случи во Стерлинг Хајтс, Мичиген, САД, во средата наутро, на 8 септември. Камион излетал од главниот пат во обид да избегне судир со друго возило што поминало на црвено светло.

Според извештаите на сведоците, возачот не успеал да застане и се излизгал во спротивната лента, избегнувајќи го сообраќајот, пред да удри објек кој бил дел од магацински комплекс.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата открила дека во објектот има најмалку 60 растенија марихуана, при што полицајците брзо сфатиле дека возачот на камионот несакајќи открил нелегална куќа за одгледување канабис.

Погледнете ги снимките од инцидентот подолу:

Снимките од инцидентот се снимени од безбедносните камери на складиште, кое е во сопственост на бетонската компанија „Палмиери бетон“.

Сопственикот на бизнисот Мајк Палмиери изјави дека имал сомнежи за неговите соседи пред несреќата, велејќи: „Знаевме дека нешто се случува во соседството, но ние сме соседи кои се мешаат во туѓи животи“.