Канадски полицаец отпуштен затоа што не сакал да убие МЕЧИЊА, конечно ја доби својата правда
Брис Казавант добил повик дека треба да се упати кон дом во близина на Порт Харди, каде што жителите виделе женска црна мечка како „копа“ низ замрзнувач полн со месо и лосос.
Кога пристигнал, тој ја застрелал и ја убил мечката според политиката на покраината – во која мечка треба да биде убиена доколку се смета дека се потпира на човечка храна. Но, мечката со неа имала и мечиња. Тој не сакал да ги убие, но и мештаните му кажале дека малите не јаделе од храната.
Наместо да се придржува кон наредбата за убиство, тој ги однел мечињата кај ветеринар, кој ги прегледал и потоа ги префрлил во центар за згрижување и опоравување. Младенчињата на крајот биле ослободени во дивината.
Меѓутоа, поради одбивањето на Кававант да ја следи наредбата за убивање на младенчињата, неговиот надзорен службеник поднел тужба против него и еден ден подоцна, било издадено официјално известување за жалбата во кое се тврди дека извршил „дисциплинско неисполнување и занемарувањето на должноста“.
Веднаш потоа тој бил суспендиран, а наскоро и отпуштен. Брис од 2015 година се бори да докаже дека бил во право и конечно ја оствари својата цел и судот пресуди во негова корист.
„Се чувствувам како црните облаци што со години висеа над моето семејство конечно да се расчистуваат. Но, моментот е слатко-горчлив, моето отпуштање не требаше да се случи на прво место.“, вели Брис.