Канаѓанец слушнал чудни звуци од водата, а потоа својот нов пријател го земал со себе на 10-дневна авантура

Како што дозна Џастин, патувањата на отворено можат да станат прилично авантуристички и полни со неочекувани пресврти. Тој бил на повеќедневно рафтинг патување по реките Црвен елен и Саскачеван. Еден ден тој слушнал необични звуци од водата „како да имало некоја борба“, сепак тој не успеал да забележи ништо и решил да ја игнорира ситуацијата. Но, наскоро почнал да слуша „пискање“.

Тој погледнал од каде доаѓало пискањето и забележал мало носе кое едвај било над нивото на водата. Бидејќи водата била темна и матна тој не можел да сфати што е тоа. Додека се обидувал да сфати за што станува збор Џастин се лизнал и паднал во водата. Тогаш тој успеал да види за што станува збор. Во водата имало бебе којот. Џастинг го излекол изнемоштеното животно од водата.

Животното првин било во несвест и се чинело дека повеќе не дише, но Џастин успеал да го врати во живот. Водата излегувала од неговите уста и наскоро животното почнало да дише. Џастин запалил оган за тој и животното да се стоплат и исушат.

Џастин и Јип Јип (името кое му го дал на малиот којот) патувале 10 дена без мрежа на телефонот. Човекот се грижел за Јип Јип. Тој му давал храна, се мазеле, а исто така спиело во неговиот ранец кога ќе посака. Кога добил мрежа Џастин се јавил на својата сопруга за совет.

Прво, тој контактирал со организации во Онтарио и Манитоба пред да се поврзе со Swift Current SPCA, кои го упатиле во Здружението за рехабилитација на дивиот свет на Саскачеван од каде што со задоволство се погрижиле за малиот којот. Јип Јип откако ќе се рехабилитира повторно ќе биде вратен во дивината.