Авто-мото

Брутално фаќање кривина на релито во Монте Карло

Адриен Фурмо возеше М-Спорт Форд Пума со неговиот совозач Алекс Корија за време на релито во Монте Карло, кога работите тргнаа на ужасно лошо. Несреќата изгледа застрашувачки, но заради почитувањето на строгите безбедносни стандарди, двајцата избегнаа посериозни повреди.

Летање со автомобил преку мост, како во холивудските филмови

Полицијата на американската сојузна држава Мичиген веќе одамна му ја одзела возачката дозвола на главниот актер на нашето видео, но тоа не го спречило повторно да влезе во автомобил под дејство на алкохол. Резултатот од оваа авантура е летачки автомобил.

Автомеханичар еднаш, должник цел живот: Откако го поправил, седнал да го провози Ферарито од 3 милиони евра

Според очевидци, коловозот бил влажен, па мајсторот фаќајќи кривина се излизгал и удрил во трупец крај патот. До толку го уништил Ферарито (вакви има само 400 во светот), што веројатно не може ни да се поправи. За среќа тој завршил со помали повреди, па ќе може на раат да отплаќа рати.