Над 5,5 милиони пазарувања во dm дрогериите без употреба на пластични ќеси
Компанијата dm drogerie markt уште во октомври 2019 година, прва на пазарот, ја укина употребата на пластичните ќеси на своите малопродажни локации. Купувачите оттогаш имаат можност да изберат поеколошки решенија, како набавка на хартиена ќеса или трајна памучна торба, којашто, доколку се оштети или искине, може бесплатно да се замени за нова во која било …



























