Европа почна да ги казнува туристите за сè и сешто: Ако шетате по „купачи“ низ град, спремајте некоја илјадарка… евра. А ако ве фати полиција да возите по влечки?
Летово, европските градови воведуваат рекордни глоби за туристи кои не ги почитуваат локалните правила. Несоодветно однесување, како шетање во костим за капење во град, носење папучи додека возите или собирање школки од плажа, може да ве чини илјадници евра. Ова е новата реалност со која се соочуваат посетителите на најпознатите европски дестинации, додека локалците се …





























