Македонски несекојдневни ситуации

Вечна почит кон хероите: Патриотски мурал за бранителите од 2001 година блеска во срцето на Скопје

„Заклетва“ е името на муралот посветен на македонските бранители од конфликтот во 2001 година кој неодамна се појави на фасада на една од зградите во скопската општина Кисела Вода. Муралот е нацртан на површина од 80 метри квадратни и ја изразува почитта и благодарноста кон бранителите и она што тие го направија за својата земја. …

Одлична идеја како да си ги вратиме шумите! Се моли министерот за животна средина под итно да го изведе ова!

Сега внимавајте, ова е сценариото: Некој ќе му го испрати линкот на Изет Меџити, зошто е спомнат во постот. Тој веднаш ќе сфати колку е генијална идејата и колку малку пари треба за да се изведе. Па кога ќе набави 1000 дронови и кога ќе ги спрегне партиските војници да волунтираат. Македонија ќе ја направи …

Кога правник ќе се проба воводите на поезијата

Претседателката сакаше поетски да се изрази, демек жените да не молчеле пред мажите кои почнуваат војни, но наместо тоа зазвуче смешно, како да кажува теории на заговор за Марсовци. Чуму поезијата кога си претседател на држава?