Капсула за медитација од 25.000 долари наводно помага за „достигнување на возвишени состојби“

Компанијата наречена OpenSeed продава капусули за медитација во форма на јајце дизајнирани да ви помогнат да се опуштите. Капуслата е дизајнирана во форма на матка за да го „замолчи умот и да ги подигне перформансите“, при што смирувачката околина се создава со употреба на релаксирачки звуци, водена медитација, осветлување и ароматерапија.

Ако сте љубопитни да пробате вакво нешто сепак ќе мора да ве разочараме затоа што е прилично скапо. Една ваква капсула чини 25.000 долари. Според OpenSeed, капсулите се наменети да „обезбедат моменти на смиреност на работното место и други локации со голем сообраќај“, за да им помогнат на луѓето „да пристапат до повисоки состојби на свесност“.

Компанијата ветува дека ќе обезбеди „искуство“ во кое, „непречено од какво било визуелно одвлекување на вниманието, една личност има многу поголем потенцијал да го смири умот и да ја врати смиреноста, фокусот, јасноста и позитивната енергија“.

Капсулите ќе ја користат „светлосната терапија“ во форма на LED светла, кои се програмирани да се синхронизираат со аудио, овозможувајќи им на корисниците да бидат водени низ вежби за дишење и визуелизација.

Згора на тоа, ќе бидете пречекани во капсулата со „суптилен мирен мирис“, при што секоја капсула ќе има мал оддел во кој се чуваат есенцијални масла што можат да се „спарат“ со секое искуство.

Исто така, да не се грижите ако работите во бучен простор, бидејќи може да се активираат најмногу три слушалки за откажување на бучавата во силни средини за да се блокира секаков и надворешен шум.

Оние што користат капсули, исто така, ќе можат да користат екрани на допир внатре за да изберат кој тип на искуство го сакаат, вклучувајќи различни видови на медитации.