Карантинот во Виетнам влијае на глобалното снабдување со нашиот омилен утрински пијалок
Уживајте во вашиот омилен утрински ритуал додека можете, бидејќи карантинот во најголемиот град во Виетнам го оптоварува снабдувањето со кафе во светот.
Земјата во Југоисточна Азија забележа повеќе од 435,000 потврдени случаи на КОВИД-19, со 10,749 смртни случаи. Градот Хо Ши Мин, попознат како Сајгон, се` уште има строги ограничувања за патување со цел да го спречи ширењето на Делта сојот.

Тоа е главна локација за извоз на робуста, зрно со горчлив вкус кој често се користи во инстант кафе и некои мешавини еспресо. Меѓутоа, извозниците не можат да го извезат надвор од земјата поради правилата, со што се врши дополнителен притисок врз индустријата за кафе.
Побарувачката за робуста забележа раст на цените на големо за околу 50% оваа година.

Виетнамското здружение за кафе и какао и други трговски организации оттогаш побараа од владата да ги олабави ограничувањата во обид да се продолжи со редовен извоз и да спречи понатамошни одложувања и непотребни трошоци.
За среќа, виетнамскиот министер за транспорт им даде дозвола на регионалните власти во и околу Хо Ши Мин да направат промени и да помогнат во пречките на извозниците во транспортот на стоки, надвор од земјата. Градот е составен дел на глобалната бродска мрежа помеѓу Кина и Европа.

Во Бразил, снабдувањето со врвни зрна арабика кафе беше загрозено од роса каква што не била забележана од 1994 година, како и од сушата. Земјоделците предупредија дека штетата може да потрае три години, а за целосно санирање можеби ќе треба да се насадат нови растенија.
