Кардиохирург открива 4 намирници кои буквално „го извлекуваат холестеролот од вашиот организам“
Холестеролот е познат како „тивок убиец“ бидејќи може сериозно да го загрози вашето здравје без притоа да предизвика какви било видливи симптоми. Доколку во организмот има премногу холестерол, тој може да се наталожи во ѕидовите на крвните садови и да доведе до срцев или мозочен удар.
Сепак, еден светски признат кардиохирург наведе намирници што можете секојдневно да ги консумирате, а кои помагаат во намалувањето на ризикот поврзан со холестеролот. Тој дури тврди дека овие намирници буквално „го извлекуваат холестеролот од телото“.
Иако зборот „холестерол“ кај многу луѓе предизвикува страв и загриженост поради своите потенцијално смртоносни последици, тој често е погрешно сфатен. Иако секако може да има сериозно негативно влијание врз здравјето, човечкиот организам без него воопшто не би можел да функционира. Причината за тоа е што постојат два вида холестерол: „добар“ и „лош“.
Лошиот холестерол е познат како LDL холестерол. Доколку во организмот го има во преголема количина, тој се таложи во ѕидовите на крвните садови. Од друга страна, HDL, односно „добриот“ холестерол, го отстранува лошиот холестерол од артериите, пренесувајќи го назад во црниот дроб каде што се разградува, со што драстично се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Во своите објави на социјалните мрежи, каде што на милиони следбеници им дава стручни совети за здравјето, д-р Џереми Лондон, специјалист по општа, васкуларна и торакална хирургија, наведува дека постојат одредени намирници кои активно помагаат во исфрлањето на холестеролот од организмот.
Тој објаснува: „Сите овие намирници го отстрануваат атерогениот, односно опасниот холестерол, но тоа го прават преку различни биолошки механизми.“

Содржина:
- Овесните снегулки во дигестивниот тракт формираат густ гел што се врзува за жолчката
- Гравот и леќата создаваат леплива маса во цревата, а 5 до 10 грама влакна можат да го намалат LDL за околу 7 проценти
- Оревите го поттикнуваат црниот дроб да создаде повеќе рецептори за холестеролот
- PREDIMED покажа 30% помалку сериозни кардиоваскуларни инциденти со екстра девствено маслиново масло
Овесните снегулки во дигестивниот тракт формираат густ гел што се врзува за жолчката
Д-р Лондон објаснува: „Овесните снегулки содржат огромна количина растворливи влакна. Тие во дигестивниот тракт формираат густ гел што се врзува за жолчката, а потоа таа смеса природно се исфрла од телото преку столицата. Кога црниот дроб ќе регистрира дека му е потребна нова жолчка – за чие производство му е неопходен токму холестерол – тој го повлекува вишокот холестерол директно од крвотокот.“
Овие сознанија ги потврдува и Медицинскиот факултет на Харвард, посочувајќи дека растворливите растителни влакна се исклучително ефикасни во борбата против високиот холестерол, спречувајќи го да навлезе и да циркулира низ крвотокот.

Гравот и леќата создаваат леплива маса во цревата, а 5 до 10 грама влакна можат да го намалат LDL за околу 7 проценти
„Овие мешунки делуваат на речиси идентичен начин како и овесните снегулки – благодарение на споменатиот механизам на вискозните влакна“, вели д-р Лондон.
Влакната од гравот и леќата ја апсорбираат водата и создаваат леплива маса во цревата која го блокира навлегувањето на холестеролот.
Британската фондација за срце наведува: „Истражувањата покажуваат дека секојдневниот внес на само 5 до 10 грама вискозни влакна може да помогне во намалувањето на нивото на ЛДЛ холестеролот за околу 7 проценти.“

Оревите го поттикнуваат црниот дроб да создаде повеќе рецептори за холестеролот
Д-р Лондон ги истакнува оревите како посебно благотворни: „Јаткастите плодови, а особено оревите, го поттикнуваат црниот дроб да создаде поголем број рецептори кои активно го повлекуваат холестеролот од крвотокот.“
Британската фондација за срце препорачува бадеми, лешници, индиски оревчиња, бразилски ореви, ф’стаци и ореви, посочувајќи дека умерената дневна консумација од околу 60 грама го намалува лошиот холестерол.

PREDIMED покажа 30% помалку сериозни кардиоваскуларни инциденти со екстра девствено маслиново масло
„Ова масло само по себе не го намалува директно холестеролот во крвта“, појаснува кардиохирургот. „Сепак, големата клиничка студија PREDIMED покажа намалување на зачестеноста на сериозни кардиоваскуларни инциденти за дури 30% кај лицата кои редовно користат екстра девствено маслиново масло во рамките на медитеранската исхрана.“
Д-р Лондон заклучува: „Ниту една поединечна намирница не може целосно да ги замени медицинските лекови кога станува збор за сериозно покачен холестерол. Но, ако овие четири намирници ги внесувате редовно во секојдневната исхрана, нивните позитивни ефекти се акумулираат и севкупниот резултат врз здравјето на срцето ќе биде навистина импресивен.“


Коментирај анонимно