Картел на Ел Чапо ископал тунел под затвор за да може да избега српски нарко-бос

Перуанските власти открија делумно изграден подземен тунел во затворот Мигел Кастро Кастро во Сан Хуан де Луриганчо, изграден со намера преку него да избегаат шверцери на дрога. Националната полиција на Перу изјави дека изградбата на тајниот премин е финансирана од картелот Синалоа, транснационална криминална организација ко-основана од озлогласениот наркобос Ел Чапо.

Се верува дека картелот се обидел да помогне во планираното бегство на Зоран Јакшиќ, српски дилер на дрога, кој беше уапсен уште во 2016 година, откако беше осуден за водење на нарко-бандата поврзана со картелот „Групо Америка“.

Сепак, изградбата на тунелот била нагло запрена во февруари 2019 година, откако Јакшиќ беше префрлен во затворот Пиедрас Гордас, по гласините за планирано бегство. Полковникот Виктор Реворедо, началник на Специјалната бригада против странски криминал, изјавил дека двајца затвореници наредиле изградба на тунелот. Еден од затворениците имал мексиканска националност, додека другиот бил Србин.

Реворедо исто така открил дека нарко бандата ангажирала шест странски лица – од Мексико, Колумбија и Венецуела – да го ископаат преминот. Оние што го граделе тунелот имале намера да го поврзат затворот со куќа сместена на околу 300 метри оддалеченост.

Кога планот за бегство бил откажан тие успеале да се приближат 180 метри до затворот. Насоката кон која се движел тунелот би сугерирал дека наменетата крајна точка ќе бил ресторан лоциран во затворот, каде се очекувало да се случи бегството. Внатре во тунелот, властите откриле вреќи исполнети со песок, кутии и шишиња вода, како и безбедносни средства, како што се ракавици, заштитни кациги и алати.