Касиерката се шокирала кога баба си купила необична црвена кутија, но жената всушност само сакала да ужива во добра чајанка

Розмари Рајли прилично се посрамила кога пред два дена отишла во маркет за да си купи леб, чај и храна за кучето.

Иако времето било многу лошо 76-годишната жена некако успеала да го совлада и да дојде до маркетот за да си ги купи основните работи. Но, за жал таа си ги заборавила очилата дома.

Така бабата на 8 внуци од Ланкашир си купила леб, храна за кучиња и кутија со 30 Дурекс кондоми. Кутрата жена мислела дека кондомите се всушност кутија со чај. Касиерката малку чудно ја погледнала бабата, но во тој момент на Розмари не ѝ текнало дека може да биде за нешто такво.

Пензионерката сфатила што направила откако нејзиниот 78-годишен сопруг, Џон, ја прашал зошто сметката за толку евтини производи ѝ излегла над 30 евра. Така сфатиле дека таа за кутија со кондоми дала 20 евра. Тогаш бабата почнала да ја моли својата внука Џема да ги врати кондомите, да побара да ѝ ги вратат парите и да купи чај.

Секако 29-годишната Џема првин умрела од смеа, а потоа откако им ја раскажала приказната и на продавачките и тие не можеле да престанат да се кикотат. Тие се согласиле да ѝ ги вратат парите на Џема и да ѝ простат на Розмари за нејзината „невина“ грешка. Џема вели дека наредниот пат сигурно ќе си ги земе очилата кога оди во продавница.