Катастрофа од „библиски“ размери се случи во Египет, смртоносни скорпии ги окупираат домовите на луѓето

Три лица загинаа, а повеќе од 500 луѓе се повредени во бура во Египет, поради која голем број на скорпии излегоа од своите живеалишта и ги окупираа домовите на житлеите.

Јужниот египетски град Асван беше погоден со грмотевици, град и поројни врнежи во петокот, 12 ноември, што означува остра контраст од вообичаените врнежи од еден милиметар годишно во областа.

Видеата од областа споделени на интернет покажуваат поплавени улици, штети на куќи и уништени возила и фарми.

Гувернерот на Асван Ашраф Атија изјави дека трите лица кои ги загубиле животите во поплавите се членови на египетските безбедносни сили.

Освен што предизвикаа прекини на струја и затворање на патиштата, обилните дождови принудија голем број египетските скорпии со дебела опашка да ги напуштат своите скривалишта и да влезат во домовите на луѓето, што резултираше со повеќе од 500 повредени.

„Луѓето можат да умрат од убод од скорпија во рок од еден час, ако не се лекуваат“, изјави министерот за здравство Калид Абдел-Гафар, „но не се пријавени смртни случаи од каснување од скорпија“.

Ранетите жители на Асван биле однесени во болници за да добијат инекции против отров, при што лекарите се вратени од годишниот одмор, а болниците работат со полн капацитет за да помогнат во справувањето со последиците.

Министерството за здравство увери дека има повеќе од 3.000 дози анти-отров достапни во Асван, со дополнителни дози испратени во блиските планински и пустински области за лекување на оние кои биле убодени.

Симптомите од убоди од скорпии со дебела опашка вклучуваат силна болка, потење, повраќање, треска, дијареа, треперење на мускулите и грчење на главата. Анти-отровот може и да ги спречи симптомите и да помогне да се запрат кога ќе почнат да се влошуваат.

Корисниците на социјалните мрежи го изразија својот шок од драматичните сцени, при што едно лице ја опишува сцената како „библиска“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!