Катастрофален земјотрес во Хаити остави илијадници луѓе без покрив над главата, погледнете што се случува таму
Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Хаити во саботата наутро. Силата на тој земјотрес се споредува со оној што ја опустоши нацијата во 2010 година, кога загинаа повеќе од 200.000 луѓе.
Од 1.297 жртви, 1.054 се во јужниот административен регион, 119 се во Гранд Ансе, 122 се во Нипес и два се во северозападниот регион, објави во неделата службата за цивилна заштита.
Земјотресот уништи 13.694 куќи и оштети уште 13.785, соопштија официјални лица од агенцијата. Уништувањето, исто така, ги доведе болниците до колапс и ги блокираше патиштата преку стигнува помош за настраданите.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!