Кавадарчанец дегустатор во винарија (виц)
Главниот дегустатор во една наша позната винарија се пензионирал и објавиле оглас за нов вработен. Но, на огласот се пријавил само еден кавадаречки пијаница. Дошол на интервју и му даваат една чаша со вино.
Кавадарчанецот голта една голтка и вели:
– Црвено вино, Мерло, берба 2018, лозјето е растено на јужна страна.
Му носат нова чаша. Тој голта уште една голтка и вели:
– Бело вино, Траминец, берба 2017, лозјето е на источна страна во Централна Македонија.
Директорот целиот воодушевен ѝ шепнува на секретарката да направи нешто. Таа носи чаша полна со урина. Кавадарчанецот пие една голтка и вели:
– Плавуша, 26 години, бремена четврти месеци… а ако не ме вработите, ќе кажам и од кој.

Коментирај анонимно