Кавадарчани во џунгла (виц)

Се загубиле двајца кавадарчани во густа азиска џунгла. Спасувачките тимови ги барала, ги барале, никако да ги најдат. На крај им текнало дека во близина има еден Македонец, па решиле да го прашаат за совет. Му ги дале сите податоци што ги имаат за земјаците и овој кога видел дека се кавадарчани, им рекол:
– Сега, веднаш ќе ги најдеме.
Тргнале спасувачите на чело со нашиот. Одат од едната страна на џунглата, тој гледа еден мајмун, зема еден камен, го фрла кон мајмунот, мајмунот почнува да бега, а нашиот вели:
– Не поминале од овде.
Одат од другата страна, исто. Одат од третата страна, нашиот исто гледа еден мајмун, фрла камен кон него, а мајмунот почнува да пцуе, а нашиот радосно извикува:
– Од тука поминале!