Кавадарци е најуманиот град во Македонија, а причината е системот „Нула глад за Кавадарци“, кој веќе осум години обезбедува храна за најранливите семејства
Системот „Нула глад за Кавадарци“, кој веќе осум години континуирано го спроведува здружението „Еко-Живот“ од Кавадарци во партнерство со Општина Кавадарци, и БХМК претставува еден од најзначајните примери за долгорочна и организирана грижа за најранливите категории граѓани.
Во рамки на програмата, „Еко-Живот“ обезбедува пакети со храна за семејства во социјален ризик, кои преку развиена волонтерска мрежа директно се доставуваат до нивните домови. Волонтерите имаат клучна улога во теренската реализација, додека бизнис секторот е активен партнер, обезбедувајќи дел од прехранбените производи и логистичка поддршка.
Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко-Живот“ од Кавадарци е формирано како еколошка невладина организација, а денес функционира како Регионален еко центар (РЕЦ) со активности на национално и меѓународно ниво. Повеќе информации за нивната работа се достапни на:
👉 Еко-Живот – РЕЦ – Регионален Еко Центар

„Еко-Живот“ е членка на повеќе национални и меѓународни мрежи, меѓу кои СИ-И-ВЕБ, ДЕМ, Зелена Македонија и НМСМ, и активно учествува во креирање и имплементација на иницијативи поврзани со екологија, одржлив развој, социјална заштита и граѓанско учество.
Покрај социјалните програми, здружението активно делува и како младинска организација, која на годишно ниво учествува како партнер во повеќе од 20 Еразмус+ проекти, преку кои над 200 млади лица годишно се вклучуваат во обуки, тренинзи и меѓународни мобилности.

Во моментов, „Еко-Живот“ е партнер во проектот „Академија за младински политики“, чиј носител е ФОЕ Европа, заедно со уште неколку организации од различни европски земји. Во рамки на проектот се реализираат работилници и дебати со млади, насочени кон јакнење на младинското учество, демократските вредности и процесите на креирање јавни политики.
Со комбинирање на еколошки, социјални и младински активности, развиена волонтерска мрежа и силни партнерства со институциите и бизнис секторот, „Еко-Живот“ – Кавадарци се позиционира како организација која не само што зборува за промени, туку ги живее и ги спроведува во пракса, градејќи посилна и похумана заедница.”


Коментирај анонимно