Казните за непочитување на мерките во Сингапур се строги, а овој човек „го изеде стапот“

Британски „анти-маскер“ е осуден на шест недели затвор во Сингапур за кршење на протоколите на земјата за КОВИД-19.

Бенџамин Глин (40) беше уапсен во Сингапур, каде што работел, откако бил снимен без маска во јавен превоз. Британецот беше прогласен за виновен за неносење маска, а во последователното појавување на суд во јули, тој исто така беше прогласен за виновен за предизвикување „јавна непријатност“ и закана за јавните службеници.

По апсењето во мај, Глин упати апел до владата на Обединетото Кралство за неговиот случај, велејќи дека неговото семејство вратило во Обединетото Кралство и дека тој ја загубил понудата за работа во родната земја поради неговото апсење.

Глин, кој наводно при апсењето рекол дека КОВИД-19 е „измама“ и дека вакцините се „лоши за здравјето на луѓето“, бил однесен во психијатриска болница и бил  подложен на прегледи поради неговите коментари и однесувањето во суд, но на крајот бил прогласен за ментално способен за да продолжи судењето.