Ќе го затемнуваат Сонцето? Наскоро ќе се одобрат експерименти за вештачко ладење на Земјата

Дали ќе стане минато уживањето во сончевите зраци?

Британската влада планира да дозволи експерименти што ќе го „затемнат Сонцето“ како дел од глобалната борба против климатските промени. Идејата звучи како научна фантастика, но станува сè пореална – и поконтроверзна.

 

Ќе го затемнат Сонцето? Наскоро ќе се одобрат експерименти за вештачко ладење на Земјата

Што е соларно геоинженерство?

Соларното геоинженерство е збир на технологии чија цел е да се намали глобалното затоплување преку одбивање на дел од сончевата светлина назад во вселената. Иако научниците се согласуваат дека најважно е да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, некои веруваат дека овие алтернативни методи може да бидат дел од решението – барем привремено.

Методите што ќе се тестираат вклучуваат:

• Инјектирање аеросоли во стратосферата, кои ќе рефлектираат дел од сончевите зраци.
• Осветлување на облаците (Marine Cloud Brightening), со прскање морска сол за да се зголеми нивната рефлективност.
Слични ефекти се забележани кај облаците над бродски патеки каде што загадувањето ги направило посветли, како и по ерупцијата на исландскиот вулкан во 2014 година која ослободила сулфур диоксид што довело до ладење на атмосферата

 

Што е соларно геоинженерство?

Како ќе изгледаат експериментите?

Британската Агенција за напредни истражувања и иновации (ARIA) планира да вложи 50 милиони фунти за поддршка на овие проекти. Според професорот Марк Сајмс, ќе се спроведат мали, контролирани експерименти на отворено, со строги правила за нивното времетраење и заштита на животната средина.

„Нема да финансираме испуштање на токсични супстанци“, уверува Сајмс.

Дополнително, ќе се финансираат:

• лабораториски тестови,
• компјутерски симулации,
• мерење на климатски ефекти и
• истражувања за ставот на јавноста кон геоинженерингот.

 

Како ќе изгледаат експериментите?

Ризиците – и зошто некои се загрижени

Критичарите предупредуваат дека овие технологии можат да предизвикаат непредвидливи и опасни климатски последици. Истражување од 2018 година покажа дека ако еднаш започнат, тие мора внимателно да се одвиваат – и уште повнимателно да се прекинат.

Во спротивно, може да дојде до:

• нагло глобално затоплување – 10 пати побрзо од вообичаено,
• екстремни временски непогоди,
• уништување на екосистемите.

„Ако геоинженерингот мора нагло да престане – на пример поради јавни протести по некоја голема суша или поплава – последиците би биле катастрофални“, вели професорот Алан Робок од Универзитетот Ратгерс.

 Ризиците – и зошто некои се загрижени

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *