„Ќе ја убијам кога ќе се врати дома“: Страшни работи кои се пребаруваат на Google од милиони луѓе

„Ќе ја убијам кога ќе се врати дома“ било внесено на Google 178 милиони пати во 2020 година. Претходно оваа година, полицијата во Велика Британија соопшти дека карантините имаат „неизбежно влијание“ врз домашната злоупотреба. Ова го повтори и истражувањето на Панорама, со тоа што две третини од жените во насилни врски претрпеа поголемо насилство од нивните партнери во овој период.

Пребарувањата од минатата година на Гугл служат само за да ги илустрираат овие шокантни наоди, со тоа што луѓето барале одговори од пребарувачот или пишувале изјави.

Катерина Стендиш, заменик-директор и виш предавач на Националниот центар за студии на мир и конфликти на Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд, предводеше студија под наслов, „COVID-19, самоубиство и фемицид: Брзо истражување со употреба на фрази за пребарување на Google“.

Студијата објавена во „The Journal of General Psychology“ се заснова за „проблематизирање на одговорот на јавното здравство на епидемијата на вирусот во светло на две последователни и превентивни трауми што ја засенуваат несреќата на КОВИД-19: фемицид и самоубиство“.

Таа ги истражи пребарувањата на Гугл во САД во 2020 година, поделени во шест области од интерес: непрецизност; несигурност; разочарување; беспомошност; индикативно насилство кај мажите; и намерно машко насилство. Студијата утврди зголемување од 31% на 106 во сите категории.

Поконкретно, во однос на намерното насилство кај мажите, „како да ја контролирате својата жена“ беше гуглано 165 милиони пати, што е за 67% повеќе од 2019 година. „Како да удрам жена без никој да дознае“ исто така е гуглано 165 милиони пати и има зголемување од 31%, „Ќе ја убијам кога ќе се врати дома“ беше гуглано 178 милиони пати, што е за 39% повеќе од претходната година.

Со индикативно машко насилство, регистрирани се 107 милиони пребарувања на Гугл за „тој ќе ме убие“, што претставува зголемување од 84% во однос на 2019 година. „Тој ме тепа постојано“ е гуглано 320 милиони пати за врмеме на пандемијата што е за 36% повеќе од 2019.

Најмногу од сè „помогнете ми не сака да замине“ е гуглано повеќе од 1,22 милијарди пати, што претставува пораст од 95% од 2019 година.

Иако не може да се докаже дека луѓето кои го пребарувале ова и навистина го извршиле, но бидејќи шансите се големи овие податоци звучат страшно.