Ќе се фатиш ли со робот? Што вели за иднината на љубовниот живот на луѓето и за интимата, поранешниот извршен директор на Google X?
Се повеќе модерни технологии се испреплетуваат со нашето секојдневие, а се чини дека иднината веќе денес ни тропа на вратите. Поранешниот извршен директор на Google X, инженер и претприемач Мо Гавдат, даде храбро предвидување. Тој тврди дека во блиска иднина ќе има хиперреалистични секс роботи со вештачка интелигенција кои можат да ги заменат традиционалните интимни односи меѓу луѓето.
Зборовите на Гавдат ја разгоруваат фантазијата и покренуваат прашања за тоа колку далеку ќе оди технолошкиот напредок и како тој ќе влијае на нашата непосредна иднина. Идејата за хиперреалистични секс роботи звучи како фантастична приказна од научно-фантастичен филм, меѓутоа, со секоја измината година, вештачката интелигенција и виртуелната реалност стануваат пософистицирани.
Според предвидувањата на Мо Гавдат, виртуелната и проширената реалност наскоро ќе им овозможи на луѓето да искусат сексуални интеракции со роботи кои нема да се разликуваат од реалните. На прв поглед, ова може да изгледа незамисливо, но Гавдат тврди дека технологијата ќе биде толку напредна што ќе може да ги имитира не само физичките аспекти на сексот, туку и емоционалните и менталните искуства.
Секако, темата за создавање секс роботи покренува многу етички, социјални и психолошки прашања. Какво влијание ќе има ова врз меѓучовечките односи? Дали ќе можеме да ги разликуваме вистинските чувства од вештачки создадените? Какви ќе бидат последиците за општеството ако роботите не станат само алатки за задоволување на нашите физички потреби, туку и ги заменат блиските и доверливи односи меѓу луѓето?
Некои експерти веруваат дека таквиот технолошки напредок може да доведе до социјална исклученост, да ја зголеми осаменоста и да ја намали меѓусебната поврзаност меѓу луѓето. Можеби вреди да се размислува за тоа како да се балансира напредокот и да се зачуваат важните човечки вредности. Од друга страна, вреди да се напомене дека технологијата секогаш оди напред, а човештвото е навикнато да се прилагодува на новите реалности.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно