Кејси О’Нил, ѕвездата на австралиското УФЦ, ја прослави својата победа со имитирање на танцот на смешната Рејгун – па, чиј настап го преферирате?

Австралиската боксерка Кејси О’Нил, ја прослави својата победа на УФЦ 305, имитирајќи ја брејкденсерката Рејчел „Рејгун“ Ган и нејзиниот познат настап. Ган стана една од најголемите обележја на Игрите во Париз, откако беше исмејувана за нејзините потези при настапот, кои вклучуваа имитација на кенгур и мрдање како „прскалка“.

 

 

О’Нил ја победи Бразилката Луана Сантос во РАЦ арената во Перт – и ја прослави едногласната одлука на судиите со имитирање на некои од потезите на Рајгун кои предизвикаа контроверзии за нејзината подготвеност.

26-годишната девојка падна во солзи кога ѝ беше објавена победата пред публиката, а потоа падна на душекот, легна на страна и се наведна, па почна да ги имитира потезите на Рејгун. О’Нил потоа ја искористи нејзината прес-конференција по борбата за да упати поздрав до Ган.

 

Запрашана како би ја оценила својата борба во рингот, доколку беше на Олимпијада, Кејси призна: „На тоа му давам 10. Мислам дека поминав подобро отколку таа на Олимпијадата“.

Во искрената порака објавена на нејзиниот профил на „Инстаграм“ минатиот четврток, Рејгун призна дека злоупотребата на интернет била „прилично поразителна“.

 

 

 

 

„Не сфатив дека тоа исто така ќе ја отвори вратата за толкава омраза која искрено беше прилично поразителна“, рече таа.

Таа, исто така, побара од луѓето да престанат да ја „малтретираат“ неа и нејзините пријатели и семејството и да ја „почитуваат нивната приватност“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *