Кејти Прајс ја покажа својата опрема за летање со 16-тата операција на „балоните“ и новите „пеперутки“ усни

Поранешната 44-годишна манекенка која ја продолжи својата кариера на OnlyFans, Кејти Прајс, неодамна го направи своето 16-то зголемување на градите во обид да ги има „најголемите во Британија“. Па сега таа облече оскудни зелени бикини за сите да го видиме нејзиното „ремек дело“.

 

Исто така не заборави да се пофали со ботоксот и со усните „пеперутки“ што ги направи овој месец. Да знаеме, зачудувачко е името затоа што пеперутка треба да потсетува на нешто убаво нели?

 

 

Иако оваа недела по четврти пат го избегна судското рочиште поради нејзиниот неисплатен долг од 3,6 милиони евра тоа не ѝ претставува проблем кога има ваква опрема за летање. Па така таа наместо на рочиште летна во Тајланд.

Сега е закажано сослушување на 12 април во 12 часот – каде Кејти ќе биде испрашувана за нејзините финансии. Кејти, која беше прогласена за банкрот во 2019 година, се согласи на план за плаќање со доверителите. Мајката на пет деца, која одлета на 14 луксузни одмори минатата година, вети дека ќе им враќа 13.000 евра месечно на доверителите на фирмата преку индивидуален доброволен аранжман.

А сега „уживајте“ во оваа глетка која, за жал, не можеме да кажеме ретко се гледа во ова време.

 

  • Goce напиша:

    По кој основ ви е ова убаво???? На ништо не личи, ниту едно машко не сака толку пластика

  • aneta напиша:

    definitivno ne moze da se udavi ovaa :))))

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *