Келнери и келнерки ги откриваат најлошите работи што клиентите ги прават без да се свесни за тоа

Повеќето луѓе го повикуваат менаџерот да се жалат за храната или услугата само откако ќе јадат и се подготвени да платат. Но, келнерите и келнерките сакаат навистина да се пожалите во моментот кога имате проблем и тие ќе бидат среќни што ќе ви помогнат.

Корисниците на Reddit, кои работат во угостителство решија да ги споделат најлошите работи кои ги прават гостите, а не се ниту свесни за тоа.

„Ова може да изгледа контраинтуитивно, но мразам кога клиентите не се жалат за нешто, особено кога е премногу доцна да се реши проблемот. Подобро би сакала да имам можност да ве усреќам и да добијам бакшиш, отолку да не можам да направам ништо.“ @PinkWhiteandGreen

„Повеќе не работам во ресторан, но ќе кажам дека зграбувањето на чинијата од нашите раце додека се обидуваме да ја ставиме на масата е лоша идеја, особено ако се работи за врела супа.“

„Луѓе кои се обидуваат да ја исчистат сопствената маса користејќи суви салфетки. Оставате поголем хаос од оној кој би го имал доколку ја исчистам сам.“ @Lucavious

„Оставањето на вашиот мобилен телефон на маса, особено на работ, можеби ќе истурам нешто на него.“ @Sunny_

„Кога луѓето седнуваат на валкана маса и седат таму прашувајќи се кога ќе бидат услужени. Ако сме зафатени и вие седите на валкана маса, ќе си поминете лошо.“ @turnipstealer

„Кога им давате на вашите мали деца сами да си нарачаат кога е гужва во ресторанот и немаме време да го чекаме вашето дете.“ @datass630

„Луѓе кои земаат салфетки од соседната маса. Ве молам само прашајте ќе ви дадам 10-тина само не го правете тоа.“ @turnipstealer

„Ве молам не правете кула од чиниите мислејќи дека ни помагате. Не, тоа ги прави работите уште потешки. Можеби сакам да наредам три големи чинии на раката па потоа помалите да ги редам на нив.“ @mouthbabies

„Ги ставете салфетките во чашата откако ќе завршите. Тие стануваат гадни и влажни и треба да се отстранат рачно пред да одат во машината за миење садови. Грозно…“ @Scbobf

„Да имате дете што вреска или да му дозволите на вашето дете да направи огромен хаос. Мојот ресторан има временски рок за чистење на маси и кога морам да чистам неред од деца најчесто го надминувам рокот и клиентите кои чекаат за да седнат чекаат подолго време.“