Келнерка добила отказ поради дарежлив бакшиш од муштериите
Келнерка од Арканзас, САД, вели дека добила отказ откако муштериите ѝ оставиле бакшиш од 4.400 долари.
На 6 декември, Рајан Брант и друга келнерка служеле забава со повеќе од 40 луѓе за време на нејзината смена во Овен и Тап во Бентонвил. За среќа, клиентите ја покажале својата благодарност со многу дарежлив бакшиш.
Секој гостин оставил бакшиш од 100 долари пред да замие, а келнерките собрале неверојатни 4.400 долари бакшиш. Набргу потоа, Брант вели дека била отпуштена.
„Беше неверојатно да се види нејзината реакција“, изјави Грант Вајс, еден од гостите.
Вајс се погрижил да се јави однапред и да ја провери политиката за бакшиш во ресторанот, но тоа не одело според планот, вели Брант. „Ми рекоа да му ги дадам парите на менаџерот на смена и да земам само 20%,“ рече таа, нешто што никогаш не се случило во три и пол години работа таму.
Откако Вајс го дознал ова, тој побарал од ресторанот да му го врати бакшишот за да може да и го даде на Брант. Кога се вратил, тој дознал дека таа била отпуштена поради кршење на политиката на компанијата со тоа што му ги открила „правилата“ за бакшиш на Вајз.
Вајз лансираше GoFundMe за поддршка келнерките, и собра речиси 10.000 долари.