Човек или машина? – познатата кинеска робот-келнерка
Во еден ресторан во кинескиот град Чунцин, мистериозната “роботска келнерка” ги маѓепсува гостите со совршено изведени, механички движења и безизразен поглед. Сите мислат дека служи вистински робот – но реалноста крие нешто уште поинтересно!
Младата сопственичка на ресторанот, со совршена имитација ги збунува сите мислејќи дека е машина
Госпоѓицата Цин, на само 26 години, е сопственик на ресторанот „HotPot“. На снимки, таа како келнерка ги поздравува гостите, сервира храна и разлива чај – сè со неверојатна прецизност, камено лице и без да трепне. Никој не забележува дека таа всушност дише, а кожата ѝ е природна – единствениот знак дека не е вистински робот.
Таа се обучувала за танчерка од детството и случајна шега ја претвори во интернет сензација
Овој несекојдневен талент Цин го стекнала низ години посветени на танц од 12-годишна возраст, инспирација црпи од улични танци – токму тие и даваат механички елементи во движењата. Каменото лице ѝ е резултат на актерскиот талент. Идејата да биде „робот“ настанала како забава за пријателите; снимката од таа вечер станала вирална и сега редовно организира перформанси во ресторанот. Вистинска закана за иднината на роботите!

Коментирај анонимно