Келнерка во ресторан спасила момче од домашно насилство, откако забележала чудно однесување на масата – му напишала белешка што му го променила животот

Келнерката Флавејн Карваљо чекала да ја услужи нејзината последна маса во смеата во ресторанот „г-ѓа Потатохед“ во Орландо, Флорида, кога одеднаш забележала нешто чудно.
Родителите на 11-годишно момче нарачувале храна, но ѝ рекле дека детето ќе вечера подоцна истата вечер дома. Таа погледнала кон момчето кое носело качулка, очила и маска за лице и забележала гребаница меѓу неговите очи. Кога се приближила поблиску открила модринка на неговата слепоочница.

 

 

Така Карваљо се оддалечила од масата и напишала белешка во која пишувало: „Дали ти треба помош?“ и му ја покажала на момчето од агол од кој неговите родители не можеле да видат. Момчето одмавнало со главата, во знак на „не“.

„Знаев дека се плаши“, рече таа.

 

 

Карваљо направила уште два обиди додека момчето не кимнало со главата за потврдно „да“. Келнерката потоа ја повикала сопственичката на ресторанот за да ја извести дека ќе повика полиција за родителите на момчето. Полицијата пристигнала и го уапсила таткото на момчето по една точка за злоупотреба на деца од трет степен. Неговата мајка Кристен Сван била уапсена поради две точки од обвинението за занемарување на детето. Четиригодишното момче било одземено од семејството од страна на властите.

Детективите разговарале со момчето и дознале дека неговите родители често не му давале храна како форма на казна. Имало 20 килограми недоволна тежина за неговата возраст. По кратко испрашување, откриле дека момчето било речиси цело покриено со модринки. Неговиот татко неодамна го претепал со метла и чешалка за грб.

 

 

Момчето им кажало на детективите дека еднаш бил обесен наопаку за глуждовите во рамката од вратата од неговиот татко и дека бил заврзан на мебел.

„Да бидам искрен она низ кое поминало ова дете е тортура“, изјави детективката Ерин Лолер.

„Нема никакво оправдување за тоа во ниту еден свет. Ова можеше да биде ситуација на убиство доколку келнерката не интервенираше“, рече началникот на полицијата во Орландо, Орландо Ролон.

„Лекцијата овде за сите нас е да препознаеме кога ќе видиме нешто што не е во ред и да постапиме според тоа… Ова го спаси животот на едно дете“, додаде тој.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *