„Керен“ повторно во акција, овој пат во продавница за долна обека

Снимки од испадот на жена од Њу Џерси ги инспирира интернет корисниците да ѝ ја доделат титулата „Керен од Викторија Сикрет“.

Инцидентот се случил во трговскиот центар Корт Хилс на 17 јули. Ижеома Укента била во посета на продавницата на Викторија Сикрет кога „Карен“, идентификувана во полицискиот извештај како Абигејл Елфик, ѝ се приближила и ситуацијата брзо ескалирала.

На видеата објавени на Јутјуб, се гледа како Елфик агресивно се движи кон Укента, пред да застане и да се расплаче откако ќе забележи дека ја снимаат.

Елфик тврди дека ѝ се закануваат, прашувајќи зошто членовите на персоналот не ја бранат бидејќи не сака да биде снимен нејзиниот „нервен слом“, додека Укента вели: „Вие постојано лажете велејќи дека ви се заканувам, па затоа снимам, за да се заштитам“.

Елфик може да се забележи како лежи на подот, како вреска за помош и ја бара од Укента да ѝ го даде телефонот.

„Само дојдов да купам гаќички, тоа е се` … оваа госпоѓа ме брка. Таа сега повикува полиција. Вака умираат црни луѓе. Погледнете што прават овие луѓе? Тие повикуваат полиција во паника и ѝ кажуваат на полицијата дека им правите нешто кога јасно е дека таа ме бркаше мене “, вели Укента.

Кога пристигнала полицијата, тие одбиле да ја отстранат Елфик од трговскиот центар и таа не била уапсена.

Укента планира да поднесе тужба против двајцата полицајци кои пристигнале на местото на инцидентот, велејќи дека не се чувствува заштитена.

 

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.