Ќерката на Џенифер Лопез на удар на критичарите затоа што негува сосема поинаков имиџ од нејзината мајка

Пејачката и актерка Џенифер Лопез е снимена на улиците на Лос Анџелес со нејзината ќерка Ема, со која отишла на ручек, што не го пропуштиле дежурните папараци.

Покрај 52-годишната Џенифер во елегантно издание, нивното внимание го привлече и 13-годишната Еме, благодарение на нејзиниот препознатлив стил и фризура, кои веќе станаа нејзин заштитен знак.

Каде и да се појават заедно славната мајка и ќерка, предизвикуваат голем интерес, а на многумина им е интересно што оваа тинејџерка има сосема поинаков стил од нејзината мајка и тера пос вое, поради што за жал е изложена на разни зли коментари на социјалните мрежи, а дежурните критичари негодуваат што не ја имитираат својата мајка.

Но, со оглед на познатите родители и медиумското внимание кое го добиваат со години, семејството е тоа што секако не обрнува внимание на вакви работи.

Џенифер ја доби ќерката Ема, како и нејзиниот брат близнак Максимилијан, со поранешниот сопруг и пејач Марко Ентони, од кого се разведе во 2014 година, но тие останаа во добри односи и заедно ги воспитуваат децата.

Самиот пејач го потврди ова во едно неодамнешно интервју, во кое призна дека се восхитува на нејзината способност да ги гледа и разбира работите пред тие да се случат.