Ќерката на Кејт Мос, Лила, ги изненади сите со овој „додаток“ на модната ревија, а луѓето го пофалија нејзиниот потег

Ќерката на Кејт Мос оди по славните стапки на нејзината мајка, но манекенката доби пофалби од други причини оваа недела.

Лила Грејс Мос (19) и се придружи на својата мајка и цела низа други познати фаци на ревија на модната пистата Фендајс за да го одбележи последниот ден на модната недела во Милано.

Откако објави слики од шоуто на Инстаграм, младата манекенка доби пофалби на социјалните мрежи бидејќи фановите ја забележаа нејзината инсулинска пумпа залепена за бутот.

Инсулинските пумпи ги користат дијабетичарите за да го регулираат нивото на инсулин и се алтернатива на инјекциите со инсулин што луѓето почесто ги поврзуваат со оваа состојба. По нејзиниот настап, Мос,  која има дијабетис тип 1, доби пофалби од други  дијабетичари бидејќи одбила да го сокрие уредот, а многумина ја опишаа како „инспирација“.

Самата Мос за првпат проговори за своето искуство со оваа состојба во интервју за канадскиот блог за убавина „Кит“, во кое објасни: „Мислам дека многу луѓе не знаат дека имам дијабетес. Тоа не е видливо однадвор, така што никој не би знаел само гледајќи во вас. Имам тип 1“.