Ќерката на Коби Брајант е вистинска убавица во новата кампања со Бијонсе
Наталија Брајант, најстарата ќерка на покојната кошаркарска легенда Коби Брајант, ги покажа своите манекенски вештини пред своите 2,7 милиони следбеници на Инстаграм.
18-годишната манекенка носеше кратка маичка и црно-бел костум од новата колекција на Бијонсе „Halls of Ivy Adidas“, додека позира за три различни портрети.

Наталија, која потпиша договор со „IMG Models“ на почетокот на 2021 година, го комплетираше својот изглед со две странични репчиња.

Манекенката неодамна се појави во видеото за кампањата за колекцијата на Бијонсе носејќи ја истата стилска облека.

Во видеото се појавуваат и Ава Филип (22), ќерката на Рис Витерспун, како и децата на Бијонсе, Блу Ајви (9) и Руми (4).

Во рекламата, исто така, може да ја видиме Бијонсе која позира во привлечни тоалети.
