Ќерката на Мадона, по стапките на мајка ѝ, со неизбричени пазуви испраќа порака до „хејтерите“
Моделот Лордес Леон (24) е најстарото дете на Мадона. Таа на Инстаграм им возврати на „хејтерите“ кои даваа негативни коментари за нејзиниот неодамнешно појавување на Мет Гала, каде што ги покажа влакната под пазувите.
Лордес сподели слика од себе на црвениот тепих на која носи розов градник и здолниште со накит изработени од Џереми Скот на Москино.
Покрај фотографијата, таа напиша: „Треба да стане нормално да не се дискутира за женското тело! РАЗМИСЛИ пред да дадеш бесчувствителни, мизогинистички коментари!“
Објавата доби бројни позитивни коментари кои ја подржуваат младата девојка и нејзината порака, но сепак имаше и такви кои влакната под пазуви ги сметаат за грозни.
Лордес овој период го привлекува вниманието на јавноста, особено откако се појави на ревијата на Версаче на Модната недела во Милано кон крајот на минатиот месец.
Исто така таа се одлучи за нешто пооткриено на фотографиите што неодамна ги сподели на Инстаграм пред претстојното шоу на Ријана Savage X Fenty.