KFC ја презентираше својата нова ПАСТА ЗА ЗАБИ со вкус на пржено пилешко – и верувале или не, се распродава брзо
Фаст-фуд гигантот KFC, во соработка со брендот за орална нега Hismile, ја претстави новата “finger lickin’ good” паста за заби, инспирирана од легендарните 11 зачини и билки на нивниот Original Recipe пилешки специјалитет. Наместо на менито, вкусот сега го добиваме на четката за заби.
Можете и да си направите комплет, имаат и четка за заби!
Според описот, пастата „ги обвива забите со вкус“ пред да го остави чувството на свежина во устата. И покрај необичната идеја, реакциите не изостанаа – залихите се распродадоа веднаш по пуштањето во продажбата на веб-страницата на Hismile, иако чини 13 долари и не содржи флуор.
За оние што сакаат целосно KFC-искуство за време на утринската хигиена, Hismile нуди и електрична четка за заби со KFC дизајн, која чини 59 долари. Таа нуди три начини на чистење, меки влакна и тајмер.
Како што вели маркетинг менаџерот на Hismile, оваа соработка е „смела, неочекувана и навистина забавна“ – иако дел од јавноста сигурно сè уште се обидува да сфати дали ова е шега или маркетиншка генијалност.
Коментирај анонимно