Кијану Ривс изјави дека „во очите на Бога“ е „оженет“ со Винона Рајдер, а неговите агрументи се сосема валидни
Актерот Кијану Ривс (57) глумеше заедно со актерката Виона Рајдер во вилмот „Дракула“, во кој нивните ликови се венчаа.
25 години подоцна, парот почна да се прашува дали навистина се венчани во реалниот живот кога повторно се сретнаа за снимањето на филмот „Destination Wedding“.

Винона во едно интервју во 2018 година изјави: „Ние всушност се венчавме во „Дракула“. Не, се колнам во Бога дека мислам дека сме вистински во брак. Во таа сцена Францис (режисерот) користеше вистински свештеник“.
Кијану исто така изјави за дека верува дека парот е во брак „под очите на Бога“.

Тој рече: „Направивме цела свадбена церемонија со вистински свештеници. Така да, претпоставувам дека сме во брак пред Божјите очи“.
Кијану стекна репутација на „добро момче“ со неговите бројни хумани дека и великодушност кон другите.

Сандра Булок, неговата колешка од филмот „The Lake House“ неодамна раскажа како ѕвездата ја изненадила со шампањ и тартуфи кога открила дека никогаш не ја пробала раскошната комбинација.
