Ким Џонг Ун ја активира „модната полиција“ за да се осигура дека никој нема да го копира неговиот стил
Пристигна модната полиција, а Ким Џонг Ун почна да презема чекори за да се осигура дека Севернокорејците не можат да го копираат неговиот стил.
Во уште еден бизарен извештај што се појави во врска со таинствената комунистичка држава, се чини дека диктаторот почнува да се „бори“ со оние граѓани кои се обидуваат да привлечат внимание со нивниот стил.
На граѓаните на Северна Кореја им се забрани да носат кожени палта.
Диктаторот почна да носи вакво палто во 2019 година и брзо овој стил стана популарен меѓу побогатите граѓани кои можеа да си ја дозволат кожата увезена од Кина.
Сепак, стилот неодамна беше пресоздаден со поевтина, вештачка кожа, што го направи подостапен за пошироката популација.
Извор од Пјонгсонг изјави за Радио Слободна Азија дека палтото сега е и „симбол на моќ“:
„За време на воената парада на 8-от партиски конгрес во јануари оваа година, највисокото достоинство и сите високи функционери беа облечени во кожени палта. Така сега коженото палто стана симбол и за моќ“.
Изворот продолжи: „Бидејќи кожните палта почнаа да се препознаваат како симбол на моќта, приватните трговци со облека побараа од претставниците на трговските компании да увезат синтетичка кожа од септември оваа година“.
Сепак, популаризацијата на палтата доведе до репресии.
Изворот објасни:
„Полицијата одговара на жалбите, велејќи дека носењето облека дизајнирана да изгледа како онаа на највисокото достоинство е „нечист тренд за оспорување на авторитетот на највисокото достоинство“. Тие ѝ порачаа на јавноста да не носи кожени палта, бидејќи само партиската директива одлчува кој може да ги носи“.
Жителите протестираат против репресијата прашувајќи како може да има нешто нечисто во изборот да се носи кожен капут.
Во Северна Кореја палтата од вистинска кожа чинат околу 34 долари, додека оние направени со вештачка кожа се 16 долари.
Korea Joongang Daily тврди дека просечната плата на Северна Кореја е 0,66 долари.
Можете да видите зошто луѓето одбраа вештачката кожа.