Ким Кардашијан, за промена, се покри на овогодинешната Мет Гала со бизарна „инкогнито“ креација
Ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“ ги изненади сите кои беа присутни на овогодинешната Мет Гала откако се појави цо црна креација од Баленсијага, која ја покриваше од глава до пети.
Обично ѕвездата ја гледаме во разголена варијанта, но таа покажа дека без разлика што ќе облече, сите очи се вперени кон неа.
Непосредно пред Мет Галата, Ким се појави во Њујорк носејќи слична комбинација.