Кина ги претставува вооружените роботи-волци: Можат да се движат по различни терени и да изведуваат прецизни напади од далечина до 100 метри
Кина постојано ги турка границите на технологијата, но последниот чекор може да ја смени иднината на војувањето. „Роботи-волци” опремени со борбени пушки веќе тренираат рамо до рамо со кинеските војници.

Државната телевизија CCTV објави видео во кое металните „волци” маршираат по ридови додека војниците разменуваат огнено оружје со гумени куршуми. Додека припадниците на Народната ослободителна армија (НОА) клечат за да се заштитат, роботите напаѓаат напред.
Од компанијата што ги изработила велат дека овие роботи се разликуваат од досегашните „роботи-кучиња”, кои пак се користат за извидување. Новите роботи-волци се тешко вооружени и имаат задача да реализираат прецизни напади, контролирани на далечина до 100 метри.
Првпат откриени на аерокосмичкиот саем во Кина во ноември 2024, овие роботи беа прикажани како пукаат во манекени во пустински услови. Денес, кинеските војници ги спроведуваат бојните вежби заедно со нив, потврдувајќи дека развојот е завршен и тие се веќе „подготвени за бојно поле“.
Кина брзо постави стотици илјади индустриски роботи само во последните две години, вклучувајќи нов рекорд за нивно инсталирање. Но и Франција, иако со далеку помал капацитет, се надева на „роботска армија“ до 2040. Американската армија веќе тестира роботи-кучиња со панцир пушки, продолжувајќи ја трката за воено роботско надмоќство во свет без јасни правила.

…и ова да се уништи во старт!!!
Коментирај анонимно