Кина ќе го запира ширењето на пустините со „зелен ѕид“ голем 337.000 метри квадратни

Кина успешно ја решава една од најголемите еколошки закани – ширењето на пустините – преку грандиозен проект што започна пред четири децении. Целта е да се запре пустината Такла-Макан, една од најголемите во светот, со површина од речиси 337.000 квадратни километри.

Проектот опфаќа создавање на „зелен појас“ од шуми, ливади и заштитни појаси во должина од над 3.000 километри околу пустината. Во него се вклучени повеќе од половина милион луѓе и применети се современи еколошки и агротехнички решенија. Овие природни бариери не само што го запираат песокот, туку ја обновуваат почвата и го намалуваат влијанието на ерозијата.

 

Кина ќе го запира ширењето на пустините со „зелен ѕид“ голем 337.000 метри квадратни

Подобрено земјоделство

Дополнително, кинеските експерти иновираа со поставување масиви соларни панели долж рабовите на пустината. Тие не само што ја блокираат песочната инвазија, туку и произведуваат електрична енергија за околните села.

Благодарение на овие мерки, земјоделството во регионот значително се подобрило – се зголемила влажноста, се намалиле песочните бури и се прошириле обработливите површини. Промените во климата доведоа и до збогатување на флората и фауната.

Подобрено земјоделство

Овој проект е доказ дека со визија и посветеност може да се обноват уништени екосистеми и да се обезбеди одржлива иднина за локалното население и идните генерации.

  • Васе напиша:

    Арапите со силните милијарди не можат тоа да го направат со децении, па кинезите ќе успеат?
    Против природата не се може! Така ќе биде се додека човеко не измисли некоја употреба на песоко и тогаш че го снема!? Можеби може да се користи за појачавање на бетоно (мешаљица), т.е. додавање као адитив!?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *