Кина развива „паметен град“ со кој ќе управува вештачка интелигенција и ќе собира податоци од луѓето

Спиеш ли мирно 5G? Кина развива нов „паметен град“, кој целосно го управува вештачката интелигенција. Жителите што ќе живеат во „AI City“ и нивните посетители ќе бидат опслужувани од вештачка интелигенција која користи сензори и уреди за собирање податоци за да соберат информации за нив.

Додека неговите основачи велат дека проектот, кој го носи името Облачна долина, е дизајниран да обезбеди поудобен животен стандард, други предизвикаа загриженост за потенцијалните проблеми со приватноста што ги покренува.

Данската компанија за архитектура БИГ и Терминус, кинеска технолошка компанија, ги открија своите планови за изградба на Паметниот град во југо-западниот кинески град Чонгкинг, за време на Интернет конференцијата за технологија на веб-самит минатата недела.

„Се мисли на идејата за живот во село во кое одите во бар и шанкерот веќе го знае вашиот омилен пијалок иако прв пат сте таму.“, вели Бјарке Ингелс партнер основач на БИГ. Исто така тој вели дека луѓето не мора да мислат на клучеви и картички бидејќи откако ВИ ќе ги забележи и потврди дека се тие ќе им ги отвори вратите автоматски.

ВИ ќе собере информации за жителите со собирање информации од нивните уреди поврзани со WIFI, во обид автоматски да реагираат на нивните потреби. Градот ќе биде со големина од 200 фудбалски игралишта и иако светот сега дознава за проектот, тој започнал во април.

Еве како според компанијата ќе изгледа почетокот на денот во овој град: „Додека сончевата светлина ги погодува куќите, прозорците од спалната соба ја прилагодуваат нивната непроѕирност за да овозможат природната светлина да ги разбуди заспаните жители. Откако светлина ќе ја исполни просторијата виртуелната домаќинка по име Титан го избира вашиот појадок, ви ја комбинира облеката со времето и ви претставува целосен распоред на денот.“