Кина се подготвува за 37-от Меѓународен фестивал на мраз и снег во Харбин!? Чекај, чекај, што се случи со пандемијата?

Според фотографиите од подготовките за овој фестивал, Кина личи како да го прогласила короната за мртво. Бидејќи меѓународните граници на Кина се сериозно ограничени поради пандемијата на коронавирусот, само локалните туристи се очекува да им се восхитуваат на ледените скулптури на температури под минус 35 степени Целзиусови, следниот месец.

Повеќе од 300 луѓе секој ден сечат огромни парчиња мраз од рано наутро по замрзнатата река Сонгуа во Харбин. Користејќи долги ледени секири, работниците ја разбиваат замрзнатата површина на реката широка еден километар на парчиња мраз со големина на кутија. Многумина од нив се градежници или земјоделци и се добро наоблечени за да се заштитат од студениот воздух.

„Доаѓаме да сечеме мраз секој ден во 6 часот наутро“, вели 40-годишниот Ханг Веи. „Понекогаш треба да работиме прекувремено, до осум или девет навечер, дури и по полноќ.”

Ручекот е краток – обично сад со топли тестенини. Импровизираните дрвени кантини обезбедуваат малку топлина додека се јаде.

Секој ден од почетокот на декември, десетици илјади ледени блокови се отстрануваат од реката и се превезуваат со камиони до местото на зимскиот фестивал во Харбин, каде што се користат за изградба на замоци во природна големина, мостови, па дури и функционален ресторан.

„Мразот од реката е многу важен. Вештачкиот мраз не е густ и не е доволно силен за да стои на ветрот“, вели Ванг Кјусенг, кој копа мразот за фестивалот веќе 20 години.

37-миот меѓународен фестивал на мраз и снег во Харбин започнува на 5 јануари и ќе вклучува активности како што се скијање, возење санки, масовни свадби, зимско пливање и тематски парк со скулптури од мраз, искомбинирани со светло во боја.