Кина се врати на „нормалниот живот“ откако го победија вирусот

Фотографиите покажуваат дека илјадници туристи се собрале заедно како сардини во конзерва на Кинескиот ѕид додека Пекинг може да се пофали дека го „искоренил“ коронавирусот. Патниците се собрале на култното место, со само неколку маски или практикување на социјално растојание за време на Денот на трудот во Кина.

Кинескиот ѕид е едно од седумте светски чуда – и обично прима скоро 10 милиони посетители секоја година – до 80 000 секој ден за време на најголемите сезони. Кина пријави само 11 нови случаи во неделата и тврди дека сите нови случаи биле увезени од странство.