Кинеска компанија започна револуција: Масовно производство на зглобови за хуманоидни роботи ќе ја промени иднината на роботиката

Компанијата Eyou отвори прва во светот автоматизирана производствена линија за изработка на зглобови за хуманоидни роботи. Новата фабрика се наоѓа во регионот Пудонг во градот Шангај и започна со работа минатиот месец. Според соопштението од производителот, линијата е способна годишно да произведува 100.000 единици, а постои и потенцијал за тројно зголемување на производството. Ова го објави scmp.com.

Кинеска компанија започна револуција: Масовно производство на зглобови за хуманоидни роботи ќе ја промени иднината на роботиката

Eyou се подготвува за експлозивен раст на пазарот: Во 2027 се очекува побарувачка за 100.000 хуманоидни роботи годишно

Кинеската компанија е подготвена да го искористи очекуваниот пораст на побарувачката за хуманоидни роботи, што според проценките на некои истражувачи ќе достигне околу 100.000 единици годишно до 2027 година. Проширувањето на производствените капацитети и овозможува на Eyou да заземе водечка позиција на пазарот, кога продажбата на роботизирани уреди ќе стане масовна.

Eyou сака да биде чекор пред конкуренцијата со изградба на голема фабрика уште во рана фаза

Компанијата Eyou гледа неопходност однапред да ги подготви своите производствени капацитети, за да може да го задржи своето водство како пионер на новиот пазар коj дури сега се формира.

Ненадеен скок во производство на хуманоидни роботи се очекува поради технолошки пробив, тврдат експерти

Како што потенцира претставник на една јавна компанија за производство на компоненти од провинцијата Џеџијанг, производството на хуманоидни роботи нема да го следи традиционалниот пат на постепено зголемување на обемите како кај автомобилската индустрија. Наместо тоа, се очекува ненадеен скок на побарувачка поради технолошки пробив.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *