Кинеската провинција Вухан известува дека НЕМА нови случаи на коронавирус за прв пат откако започна пандемијата

Кинеското Министерство за здравство денес тврди дека епицентарот на коронавирусот во Вухан и околината на покраината Хубеи нема нови случаи на смртоносната зараза што прелета низ целиот свет.

Министерството соопшти во четвртокот дека резултатите во текот на изминатите 24 часа покажале 34 нови случаи, сите откриени кај лица кои доаѓаат од странство.

Во централната провинција Хубеи, има осум нови смртни случаи, при што на главниот град на провинцијата Вухан припаѓаат шест од починатите. Од 34 увезени заразени, во Пекинг имало 21 случај, што е дневен рекорд за градот. Ова го донесува вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина до 80.928, вклучувајќи и 3.245 смртни случаи.

Вухан на врвот пријави илјадници нови случаи на заразени со коронавирус дневно, совладувајќи го неговиот здравствен систем. Кина штотуку започна да ги олабавува драконските ограничувања за патувања во земјата, но ги засили 14-дневните регулативи за карантин на оние што пристигнуваат во Пекинг, Шангај и на други места од прекуокеанија, во услови на очекувања за нов прилив на студенти и други кои се враќаат дома.

Повеќе од 70.000 луѓе се пуштени од болниците, а 7.263 остануваат на лекување. Се очекува во Вухан да нема повеќе нови зарзени до крајот на март и неговото „заклучување“ може да биде укинато откако 14 дена ќе нема нови заболени. Како и да е, строги мерки за контрола и спречување на болести, сепак, ќе бидат потребни за да се спречи евентуалното враќање.

Но, Вухан не пријави нови случаи во средата за прв пат по избувнувањето. Претходно имаше само еден домашен пренос на ден во понеделник и вторник. Остатокот од Хубеи нема нови заразени скоро две недели.