Кинескиот начин за заштеда: Младите одгледуваат црви во домот и ги јадат за протеин

Кинеската младина е на нов екстремен тренд на штедење: започнаа да одгледуваат црви дома и да ги користат како евтина и хранлива храна. Звучи шокантно, но токму вака изгледа нивната борба за евтино преживување во услови на растечки животни трошоци.

Кинескиот начин за заштеда: Младите одгледуваат црви во домот и ги јадат за протеин

Креативна сиромаштија: трикови за штедење кај младите Кинези

Онлајн-асоцијацијата на штедливост меѓу младите Кинези е преплавена со необични идеи: ладни тушеви за да се заштеди топла вода, спиење на под за да се избегне клима уредот, па дури и замрзнати јајца со цел едно јајце да трае за три јадења. Ова е живот со минимум трошоци и максимално трпение.

Креативна сиромаштија: трикови за штедење кај младите Кинези

Црвите како нова супер храна

Нов, најрадикален тренд: консумација и одгледување на црви дома. Тие се евтини 12 јуани за килограм, (околу 1 евро) имаат 20% протеини и, според ентузијастите, наводно имаат вкус на ‘млеко и бадеми’. Младите мажи најчесто се подготвени за оваа жртва, додека девојките сѐ уште одбиваат.

Црвите во моментов победија против месото

Цената на три дневни порции црви изнесува само 3 јуани (0.36 центи). Некои ги готват на пареа, ги мелат во паста за да направат пелмени или котлети, а некои дури изјавуваат дека звукот од црвите им помага за добар сон: „Слично на ехото од океанот, ти помага да ја победиш несоницата.“

Три пати помали трошоци, но за која цена?

Најуспешните штедачи со гордост откриваат: „Порано трошев повеќе од 30 000 јуани годишно(3600 евра). Сега, дури и со школарина, трошам само нешто повеќе од 10 000“ (1200 евра). Искушението за вакви заштеди е големо, но останува прашањето — дали вреди ваков живот само за да се преживее?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Vlatkoohrid напиша:

    Ebati zastedata ako treba da jadis crvi i skakulci I nale to I doma sam treba da si gi pravis Kako sto se Sadat piperki I patligani

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *